Гостивар: Нашата реакција беше против Игор Стојчевски кој е познат по скандалозното судење

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Гостивар денеска го повторија инцидентот кој претходно го направи Воска спорт против Вардар и предвреме ја напуштија средбата со Гостивар.

Натпреварот кој беше директна битка на екипите кои се борат за излез во Европа заврши во 85. минута откако Работнички поведе со 2-1.

Набрзо потоа со реакција се огласи и Фудбалската федерација на Македонија која информираше дека од Гостивар уште пред почетокот на натпреварот имале план да го напуштат натпреварот ако имаат негатива (ТУКА).

Сега се огласија и од редовите на Гостивар тврдејќи дека теренот го напуштиле поради судијата Игор Стојчевски, но и најавија дека ќе одговорат реакцијата на ФФМ.

„Инцидентот што се случи денес не е против нашиот противник Работници. Нашата реакција беше поради судијата на натпреварот, Игор Стојчевски! Овој судија е познат по своето скандалозно управување. Не го сака ниту еден тим. Во врска со изјавата на ФФМ, секоја реченица од оваа изјава ќе биде одговорена ЕДНА ПО ЕДНА Како што кажавме на нашата прес конференција вчера, чисти сме, нема тема на која не можеме да одговориме!“, стои во објавата на Гостивар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани