Гостивар уште пред натпреварот имал план – да се повлече ако има негатива! (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Денеска во Првата македонска фудбалска лига бевме сведоци на уште еден инцидент во кој екипата на Гостивар предвреме го напушти теренот.

Натпреварот помеѓу Работнички и Гостивар беше прекинат во 85. минута откако домашниот состав постигна гол за водство.

Од Фудбалската федерација на Македонија се огласија со соопштение во кое информираат дека претставник од клубот ги известил судијата уште пред почетокот на натпреварот дека екипата ќе се повлече ако резултатот не е во нивна корист.

„Наместо спортски да се борат до последниот свиреж, ФК Гостивар реши да избега од реалноста и вината за својата очајна постапка да ја префрли врз судиите.

Вистината е документирана: во официјалниот записник е наведено дека уште предвреме претставник на ФК Гостивар ги известил судиите дека екипата ќе се повлече доколку резултатот не биде во нивна корист.Овој чин е смислен и намерен обид на одредени поединци кои поради финансиски побуди и неисполнети очекувања, избираат на најгруб начин да ја манипулираат јавноста и да ја деградираат фудбалската сцена“, стои меѓу другото во соопштението.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани