Гостивар ќе приговара за суспензиите: Проблемот не е само аматерското судење, туку многу подлабок! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Натпреварот меѓу Струга и Гостивар (1-1) од 28. коло на ПМФЛ понуди многу полемики. Средбата на „Градскиот стадион“ во Струга понуди драматична и тензична завршница.

Сè почна кога голманот Ведран Ќосевски во скок налета на Асане Диата кој беше лут поради острината на стартот. Сенегалецот влезе во дуел со противниците, реагираше и Сава Радиќ и следуваше туркање, влечење и можеби по некој удар. На тоа судијата Фуркан Идризи реагира со црвен картон за Диата, а по жолт за Ќосевски и Радиќ, додека исклучен беше некој од тренерскиот тим на стружани.

Пристигнаа и суспензиите за хаосот, Дисциплинската комисија им додели по четири меча суспензија на Асане Диата и Аиас Аосман од Гостивар. Поради тоа клубот реши да реагира со видео-соопштение.

Сакаме да објавиме видео за појаснување, нашиот играч Асане Диата доби црвен картон од судијата Фуркан Идризи и доби четири меча суспензија. Противничките фудбалери беа казнети само со по жолт картон. Уште еден наш фудбалер, Аиас Аосман доби црвен картон по мечот и исто така беше казнет со четири натпревари суспензија. Не знаеме зошто дојде до тоа. Фактот дека нашите играчи добија четири меча суспензија покажуваат дека проблемот не е само аматерското судење на Фуркан Идризи, туку многу подлабок. Како што објаснивме претходно, немаме проблем со ниту еден противнички клуб или фудбалер. Судиите со аматерско водење на натпреварите креираат тензија меѓу тимовите. Ние ќе ги обжалиме казните кои ги добија нашите играчи“, напишаа од Гостивар.

Инаку, Гостивар веќе се пожали дека израмнувачкиот гол на Струга дојде по неправилно донесена судиска одлука.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани