Гостивар реагира: Примивме гол откако судиите ги прекршија фудбалските правила! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Струга и Гостивар одиграа нерешени 1-1 во рамките на 28. коло на ПМФЛ.

На овој натпревар гостинот смета дека е оштетен со прекршување на правилникот. Гостивар поднесе официјална жалба до ФФМ поради ситуација која му претходеше на израмнувачкиот гол.

Требаше Дарко Глишиќ побргу да изведе аут, меѓутоа одолговлекуваше. Поради тоа судијата Идризи реши да му покаже жолт картон, а притоа покажа аут за Струга. Токму тоа е проблемот, бидејќи во правилата на ИФАБ како казна за одолговлекување е само доделување на картон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани