Горецка веќе постигнал договор, наредната сезона ќе игра во Италија!

by Стефан
1 минути читање

Леон Горецка по осум години како што стојат работите ќе го напушти Баерн Минхен и кариерата според последните најави ќе ја продолжи во Милан.

Неговиот договор истекува на 30 јуни, а клубот донел одлука да не му понуди продолжување на соработката, па искусниот германски репрезентативец станува слободен играч.

Горецка наводно веќе одлучил каде ќе ја продолжи кариерата и трката за неговиот потпис останале Јувентус и Милан, а тој на крајот се одлучил за „росонерите“. Германскиот фудбалер договорил тригодишна соработка со Милан со плата од пет милиони евра по сезона и се очекува трансферот наскоро и официјално да биде потврден.

Горецка во Баерн пристигна во 2018 година од Шалке 04 како слободен играч. Во изминатите осум години освои 16 трофеи. Дресот на баварскиот гигант го носеше на 310 натпревари, при што постигна 51 гол и забележа 52 асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×