Гонзалез до Нејмaр: Не сум расист… ти треба да научиш да губиш!

by
1 минути читање

Синоќешното „Класико“
во Париз заврши со голема мешаница по која беа исклучени пет играчи, помеѓу кои
и Нејмар. Кога Бразилецот го напушти теренот, на четвртиот судија му се пожали
дека бил навреден на расна основа, а потоа се огласи и на социјалните мрежи, каде
го обвини дефанзивецот на Марсеј, Алваро Гонзалес за расистички навреди.

Шпанецот веднаш
реагираше со своја објава, постираше слика опкружен со своите црномурести соиграчи
и напиша: „Нема простор за расизам. Чиста кариера со многу соиграчи и пријатели
на дневна основа. Понекогаш едноставно треба да научите да губите и да го прифатите
поразот на терен. Неверојатни три бода. Але
Марсеј, благодарност до семејството“.

Инцидентот го
прокоментираа и тренерите, Тухел рече: „Нејмар ми рече дека бил навреден на
расна основа. Сите имаме исто мислење, за расизмот нема место во фудбалот, спортот
и нашето општество“.

Андре Вила Боаш
порача: „Очигледно е дека нема место за расизмот во фудбалот
. Од клупата не можеше да се слушне ништо,
се надевам дека немало навреда на расна основа. Тоа е сериозен прекршок. Се
надевам дека ќе нема црна дамнка на овие наши историски перформанси. Голема
победа, требаше да славиме со 2-0, не знам зошто судијата не ни го призна
вториот гол“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×