190
Удинезе поведе со гол на Зегелар во 25. минута, а само пет минути подоцна Несторовски зголеми на 2-0. Тоа за него беше втор гол оваа сезона.
Пред крајот на првото полувреме Кастанос намали на 2-1, а во 57. минута Кандрева израмни на 2-2, но тоа не беше се.
Во 96. минута Трост-Еконг постигна гол за комплетен пресврт и победа на Салернитана од 3-2.
Несторовски играше до 64. минута.
Во истиот термин Торино со 4-0 победи на гостувањето кај Специја.