Голот на Елмас на крајот испадна победоносен, Наполи со три бода си замина од Бергамо (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Наполи продолжува
да реди победи, вечерва избраниците на Спалети славеа и против Аталанта во
Бергамо.

Лукман донесе
предност за домаќините од пенал, но пет минути подоцна, Осимен изедначи на 1-1.

Во 35. минута,
Осимен го проигра Елмас, кој одлично се снајде на 11 метри и успеа да ја
затресе мрежата и покрај тоа што еден противник со лизгачки старт се обиде да
блокира а друг чекаше на гол линијата.

Погодокот на
Македонецот на крајот се покажа како победоносен, Аталанта притискаше во второто
полувреме, имаше неколку шанси за реми, но не успеа да постигне гол и остана
резултатот од првиот дел.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×