Голманот на Каљари испушти топка од раце и го врати Милан во живот, па „росонерите“ рутински славеа (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Росонерите“ го
добија дуелот против Каљари на „Унипол Домус“ и со три бода се враќаат од
незгодното гостување на Сардинија.

Домаќините
поведоа по половина час игра, Лувумбо биеше силно на првата статива и го
изненади Спортиело за 1-0.

Милан изедначи во
40. минута, голманот на Каљари испушти топка од раце и му овозможи на Окафор да
го постигне својот прв гол во Серија А.

Во последните
мигови од првиот дел, гостите направија комплетен пресврт, Томори добро се
снајде и од неколку метри ја затресе мрежата за 1-2.

Победата беше осигурана
по еден час игра, Лофтус Чик доби топка на 20 метри и прецизно биеше покрај
стативата за 1-3, и за него ова беше гол првенец во калчото.

На останатите
натпревари од 18:30 часот, Аталанта со 0-1 триумфираше на гостувањето кај
Верона, а Емполи дома со истиот резултат ја совлада Салернитана.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани