217
Борнмут игра во
страшна форма, попладнево го совлада Фулам со 3-0 за шест победи на последните
седум натпревари.
На гостите не им
беше сеедно што губат, па голманот Бернд Лено направи инцидент во финишот од
мечот.
Германецот не
беше задоволен од реакцијата на едно момче кое собира топки па го турна.
Судијата му
прогледа низ прсти на голманот и не му покажа жолт картон, што ќе значеше и
исклучување. На Бернд Лено веднаш му текна дека направи глупост, па му се
извини на момчето и публиката, но и покрај тоа, домашните навивачи го свиреа
Германецот при секој допир со топката.