Голманот на Зеленортските Острови, Возиња, се најде во центарот на вниманието по настапите на Светското првенство, а сега е во потрага по нова средина. На искусниот чувар на мрежата му заврши договорот со португалскиот второлигаш Депортиво Чавес, но тој нема намера да ја заврши кариерата.
Иако има 40 години, Возиња покажа дека годините се само бројка. Со своите одлични одбрани стана еден од најзабележителните фудбалери на Мундијалот во САД, Канада и Мексико.
Тој беше еден од клучните играчи во ремито без голови против Шпанија, а потоа помогна Зеленортските Острови да освојат важен бод и против Уругвај.
Искусниот голман откри дека има желба кариерата да ја продолжи и во Бразил но засега не се споменуваат конкретни клубови. Интересно е тој со одличните два настапи на Мундијалот, посебно првиот против Шпанија стекна огромна светска слава и со 16 милиони следбеници на Инстаграм сега е најследниот голман на оваа социјална мрежа. Пред почетокот на турнирот неговата бројка беше 50.000.