Македонската фудблска судијка, Ивана Пројковска е единствената надвор од Јужна Америка која ќе суди на женската Копа Америка, натпреварување кое ќе се одржи во Еквадор.
Соработката на УЕФА и КОНМЕБОЛ и овозможи на Пројковска да суди на женската Копа Америка.
Македонката е единствената од Европа која ќе суди на овој турнир, останатите се од Јужна Америка.
Ова е големо признание за Пројковска и доказ дека таа е една од најдобрите судијки во Европа.
Копа Америка за жени ќе се одржи во Еквадор од 12 јули до 2 август.