140
Арсенал и Челси го
завршија првото полувреме на градското дерби во редовното коло од англиската
Премиерлига, а првите 45 минути игра на „Емирејтс“ арената беа доста
возбудливи.
Ако нешто треба да се
одбележи од првото полувреме, тоа е секако најголемата шанса која ја имаше
Алваро Мората кој доби употреблива топка, прецизен пас од далечина кој за да
биде прецизен мораше да има и конфузија во одбраната на домаќините.
Мората изби сам, очи во
очи со Петр Чех, но промаши чист зицер, по ова следеше и расправија помеѓу
Мустафи и Чемберс.