33
Тимот на Столе Димитриевски има катастрофален старт на сезоната со само еден освоен бод по пет одиграни кола, притисокот се зголеми до тој степен што раководството се реши за големи промени.
Валенсија денеска соопшти дека го раскинува договорот со спортскиот директор Рон Гурлеј, како и со членовите на неговиот тим.
Клубот исто така соопшти дека го отпушта тренерот Карлос Корберан кој го водеше тимот од 2024 година.
Тимот привремено ќе го води тренерот на младинците, Оскар Санчез.