653
Поранешниот европски шампион, Олимпик Марсеј во своите редови доведе ново засилување и тоа за 19 милиони евра, плус бонуси.
Нов член на Марсеј е Алжирецот, Амин Гуири кој се смета за одличен техничар со големо чувство за топка и простор. Роберто Де Зерби верува дека може одлично да се вклопи во нападот со Мејсон Гринвуд и Нил Мопе.
Во редовите на Марсеј пристигнува од Рен за кого постигна три гола и додаде две асистенции на 20 натпревари сезонава. Договорот кој го потпиша со Марсеј е со важност до 2029 година.