Голем пех за Тотнем: Даер суспендиран, Мурињо не коментира, а ја откри и причината за тоа

by
1 минути читање

Фудбалерот на
Тотнем, Ерик Даер доби суспензија од четири меча поради инцидентот што се случи
во март откако се качи на гледалиштето да се конфронтира со навивач, а
причината поради таквата реакција на англискиот репрезентативец е поради тоа
што неговиот брат бил вербално нападнат од навивач.

Ова е голем
проблем за Тотнем и Жозе Мурињо во завршницата од актуелната сезона во
Премиерлигата, всушност Даер ќе ги пропушти финалните четири кола за составот
од Лондон, кому му преостанува голема битка за излез во Европа идната сезона.

Мурињо одби да ја
коментира казната изречена од ФА, Португалецот вели дека нема да го стори тоа
бидејќи со таквиот потег би можел да навлезе во проблеми, иако познат е по тоа
што обично не го крие своето мислење.

Нема да
коментирам, доколку коментирам ќе навлезам во проблеми, а тоа не сакам да се
случи, така немам коментар на оваа тема
“ рече Мурињо, кој воедно упати и
извинување за коментарите за Матео Гендузи од Арсенал, од причина што беше
гневен што фудбалерот на градскиот ривал избегна казна поради тоа што го фати
за врат фудбалерот на Брајтон, Нил Мопе, наведувајќи дека најмногу поради тоа
не очекува никаква казна за Даер.

Говорев за
споредбата помеѓу двете ситуации пред неколку седмици, зборував за Гендузи и
веројатно не требаше тоа да го сторам, најмногу поради фактот што тој не е мој
фудбалер, така јас немам право да коментирам за фудбалери кои не се дел од
мојот тим
“ додаде Португалецот.

Мурињо во однос на суспензијата наведе дека не би требало Тотнем да поднесе жалба на истата, најмногу поради трендот на неуспешните жалби од претходно на повеќето екипи, дополнувајќи дека е добро Тотнем да почне без суспензии и слични проблеми на стартот од идната сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×