Голем момент за Барселона, никогаш не заработила повеќе!

by Стефан
1 минути читање

Барселона може да се пофали со историски финансиски резултати. Каталонскиот гигант за првпат во својата историја оствари приходи поголеми од една милијарда евра во една сезона, со што направи уште еден значаен чекор кон финансиска стабилизација.

Рекордниот приход значи дека клубот третпат во низа ќе ја заврши годината со позитивен редовен финансиски резултат. Од „Камп Ноу“ посочија дека овој успех е потврда на долгогодишните напори за стабилизирање на клубот, особено ако се земе предвид исклучително тешкиот период низ кој минуваше Барселона.

Она што е особено интересно е фактот дека Каталонците до рекордните бројки стигнаа и покрај големите ограничувања поврзани со посетеноста на натпреварите.

Во првиот дел од сезоната, Барселона не можеше да игра на својот стадион поради градежните работи, па домашните натпревари ги пречекуваше на „Јохан Кројф“ и на „Естади Олимпик“.

Ниту по враќањето на „Камп Ноу“ ситуацијата не беше идеална. Капацитетот за гледачи беше ограничен на само 42.000, што е значително помалку од бројката на која клубот сметаше при изработката на буџетот.

И покрај сите овие проблеми, Барселона успеа речиси целосно да го реализира планираниот годишен буџет. Тоа е уште позначаен успех ако се има предвид дека првичните финансиски проекции во голема мера беа направени со очекување дека натпреварите ќе се играат пред околу 60.000 гледачи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×