Голем кикс на Ибањез го реши римското дерби, Лацио владее во Рим (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Лацио одигра одлична одбрана на денешниот меч, искористи и еден огромен кикс на фудбалерите на Рома и дојде до трите бода од римската пресметка.

Рома нападна во првите минути, но тоа не траеше долго, потоа се играше тактички и мирно без многу шасни.

Така беше до 29. минута кога Ибањез се обиде да дрибла во својот шеснаесетник. Педро му ја зема топката, додаде до Фелипе Андерсон кој постигна гол за водство на Лацио кое значеше и победа.

По дадениот гол Рома се обидуваше да се врати, Заниоло еднаш ја погоди и пречката од противничкиот гол, но тимот на Мурињо не направи доволно за да избегне пораз. Претежно тоа беа јалови напади без конкретна завршница.

По овој меч Лацио се качи на третото место, Рома сега е петта, но може уште да падне во зависност од резултатот на дербито меѓу Јувентус и Интер.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×