Голем гест: Првиот човек на ПСЖ ќе ги носи сите 600 вработени на финалето во ЛШ!

by 24 фудбал
1 минути читање

Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, донесе одлука да ги однесе сите 600 вработени во клубот на финалето од Лигата на шампионите кое ќе се игра на 31 мај во Минхен, против Интер.

„Горди сме што сме една фамилија – фамилијата на Пари Сен Жермен, која со гордост го претставува Париз и Франција на големата сцена. Затоа сите наши вработени ќе имаат можност да го поддржат тимот во живо на финалето во Минхен“, стои во писмото кое Ал-Келаифи го испратил до вработените.

Во дописот, првиот човек на „светците“ им се заблагодарил за нивната посветеност, професионалност и страст кон клубот.

ПСЖ по вторпат во историјата ќе игра финале во ЛШ и ќе се обиде конечно да стигне до долго посакуваниот трофеј. Претходната шанса ја имаше во 2020 година, но тогаш беше поразен од Баерн Минхен во Лисабон со 1-0.

Фото/Photo: PSG/Twitter

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани