Голем гест на Флорентино Перез, првиот човек на Реал му испратил емотивно писмо на Гави

by
1 минути читање

Гави доживеа голем пех на натпреварот помеѓу Шпанија и Грузија, младата ѕвезда на Барселона ги скина предните вкрстени лигаменти и го оштети менискусот на десното колено, па го чека многу долга пауза.

Пораки со желби за брзо опоравување стигнаа од сите страни, а како што пренесуваат медиумите, емотивно писмо испратил и претседателот на Реал Мадрид.

Флорентино Перез решил да го стави на страна лутото ривалство помеѓу двата клуба и одредените разлики кои ги имаат, па во име на „кралевите“ му дал поддршка на Гави.

Во меѓувреме, од Шпанија брифираат дека Гави ќе оди под нож на 28. ноември, а зафатот ќе го изврши Др. Жоан Карлес Монљо, еден од најдобрите трауматолози во земјата.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани