Гол на колото: „Бомбата“ на Рамадани беше само за утеха на Арсими во Кавадарци (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Викендов на фудбалските терени во Македонија се врати Првата лига, а уште во натпреварот со кој беше отворено првото коло видовме прекрасен гол.

Албин Рамадани од Арсими го постигна голот на колот со фантастичен удар од далечина, а нема дилеми дека иако е почеток на сезоната овој гол ќе конкурира и за најубав на сезоната на крајот.

Ударот на напаѓачот на Арсими беше и тоа како прецизен па голманот на домаќините немаше шанси за интервенира. Сепак, за Арсими овој гол беше само за утеха бидејќи го загуби натпреварот со 5-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×