Гол за Дибала по три месеци, Роналдо погодува и асистира, Јуве лесно се справи со Фросиноне (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Старата Дама“ на
најдобро можен начин се подготви за пресметката со Атлетико во ЛШ. Бонучи и
Кјелини без проблеми се вратија по паузата заради повреда, Пауло Дибала по три
месеци постигна гол во Серија А, а Кристијано Роналдо продолжува во исто темпо
и покрај голот придодаде и асистенција.

Резултатот рано
беше отворен, Дибала од 20 метри биеше неодбранливо за 1-0 а десетина минути
подоцна Бонучи реализираше за 2-0 и веќе тука беше јасно дека трите бода
остануваат во Торино.

Во 63. минута од мечот, Кристијано Роналдо доби топка од Манџукиќ и прецизно биеше
на првата статива 
за 3-0 и својот 19. погодок во Серија А оваа сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани