Резултатот беше отворен во 23. минута кога Кеита со прекрасен гол му донесе водство на Ливерпул од 1-0.
Во 38. минута Александер Арнолд од слободен удар исто така постигна маестрален погодок за предност на црвените од 2-0. Само пет минути подоцна Вајналдум зголеми и на 3-0.
Пред самиот крај на првото полувреме Жиру намали на 3-1 и донесе каква таква надеж за Челси.
По десет минути игра во вториот дел Фирмино зголеми на 4-1, но потоа следуваше шоу на Пулишиќ. Тој влезе во 59. минута а две минути подоцна имаше вистински слалом ми асистенција до Абрахам кој погоди за 4-2, а во 73. Пулишиќ и самиот постигна гол за само еден негатива, 4-3.
Сите надежи на Челси ги сруши Окслејд Чембрлејн кој во 84. минута ги постави конечните 5-3.