По 140 погодоци
во Лигата на шампионите, Кристијано Роналдо го забележа и голот првенец во Лига
Европа, Португалецот вечерва погоди на гостувањето кај Шериф.
Џејдон Санчо по
една убава акција во 17. минута го отвори резултатот а Кристијано Роналдо од
белата точка реализираше за 0-2 пред крајот на првиот дел.
Во продолжението
од мечот, „ѓаволите“ рутински одработија за три бода.
Енис Барди и
Трабзонспор со 2-1 ја добија пресметката против Црвена звезда. Хамшик го отвори
резултатот во 16. минута за Трезеге да зголеми на 2-0 во 68. минута.
До крајот на
натпреварот, Црвена звезда само го намали поразот со погодокот на Николиќ во
89. минута.
Нашиот Енис Барди
шанса доби по еден час игра и влезе на местото на Хамшик.
Лига Европа 2. коло:
Феенорд – Штурм 6:0
Мидјиланд – Лацио 5:1
Монако – Ференцварош 0:1
Олимпијакос – Фрајбург 0:3
Карабах – Нант 3:0
Реал Сосиедад – Омонија 2:1
Шериф – Манчестер јунајтед 0:2
Трабзонспор – Црвена звезда 2:1
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.