932
Викендов во ПМФЛ беа одиграни натпреварите од 30. коло, а во нив најубавиот погодок го постигна фудбалерот од средниот ред на Струга, Стефан Спировски.
Спировски прво одлично е ослободи од еден противнички фудбалер, а потоа мајсторски шутираше и погоди за предност на домашниот состав. Сепак, Шкендија до крајот успеа да стигне до израмнување за конечни 1-1.
Беса – Брера 2-1
Работнички – Силекс 0-0
Струга – Шкендија 1-1
Гостивар – Пелистер 0-3 (службено)
Воска – Тиквеш 0-3 (службено)
Шкупи – Вардар 0-2