98
Во викендот кој е зад нас беше одиграно 10. коло во ПМФЛ кое беше обележано со дербито во кое Вардар славеше над Шкендија во Тетово (1-0) по пауза од осум години, но интересно беше и на останатите средби.
На натпреварот во Струга во Брера ги изненади домаќините славејќи победа од 4-2, а во овој дуел видовме и еден спектакуларен гол на домаќините кој беше дело на Бесмир Бојку.
Фудбалерот на стружани испрати вистинска бомба која одеше во аголот од голот и чуварот на мрежата на гостите немаше шанси да интервенира. Сепак, тоа беше мала утеха за поразот на Струга.