Гол и асистенција за Роналдо во победата на Ал Наср (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Ал Наср славеше во 18. коло на Премиер лигата на Саудиска Арабија против Ал Раед.

На овој натпревар одново се истакна Кристијано Роналдо кој го постигна голот за 0-1 по асистенција од Брозовиќ во 35. минута. Во продолжението Роналдо беше и асистент при вториот погодок на Наваф Бушал. Ал Раед во вториот дел намали на 1-2, ама не успеа да избегне пораз.

Кристијано Роналдо е водечки меѓу стрелците во Саудиска Арабија со 15 погодоци, а го следат Карим Бензема со 13 и Александар Митровиќ со 12. Неговиот Ал Наср е третопласиран со по пет бода помалку од водечките Ал Итихад и Ал Хилал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани