Сагата на Виктор Ѓокереш продолжува, разделбата меѓу него и Спортинг се чини нема да биде пријателска, а не се знае ни дали ќе се случи ова лето.
Напаѓачот пред една година добил ветување дека ова лето ќе може да замине за сума од 60 милиони евра плус 10 милиони евра во бонуси.
Но, по фантастичната негова сезона, Спортинг не сака да го испочитува џентлменскиот договор и сака да го продаде за повеќе пари.
Ѓокереш се чувствува изневерено поради тоа и веќе не сака ниту да игра, ниту да тренира со тимот на Спортинг.
Тој се поврзуваше со клубови како Арсенал и Манчестер Јунајтед,но и тие претпазливо влегуваат во ситуацијата. Не сакаат да платат повеќе од сумата која се споменува, надевајќи се дека Спортинг на крајот ќе го испочитува договорот со фудбалерот.
Засега нема купувач кој ќе плати повеќе, Спортинг не сака да слушне за продажба од 60 милиони плус 10, а фудбалерот е разочаран од ситуацијата.