Годин: За егото на Жоао Феликс никогаш немаше место во Атлетико Мадрид!

by
1 минути читање

Жоао Феликс пристигна како мега засилување за Атлетико Мадрид, шпанскиот клуб плати над 120 милиони евра за него, но тој никогаш не ги оправда парите.

Пред да биде пратен на позајмица во Челси го расипа односот со тренерот Диего Симеоне, а се чини дека не бил во добри односи и со останатите.

„Жоао Феликс никогаш не се поврза со семејството Атлетико Мадрид. Чоло Симеоне секогаш ја преферира групата како целина пред личното его на било кој фудбалер“, рече Диего Годин кој девет години од својата кариера ги помина во клубот.

Иднината на Феликс е неизвесна, се чини дека таа е далеку од Атлетико Мадрид, се бара неговиот нов клуб. Тој сака да игра за Барселона, но пореално е да замине за Саудиска Арабија.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани