Го уништи: Тони Крос со еден збор кажа што мисли за трансферот на големиот шпански талент во Саудиска Арабија (ФОТО)

by
1 минути читање

Габри Веига важи
за еден од најталентираните шпански фудбалери и со своите добри игри го
привлече вниманието на многу гиганти како Барса, Реал, Манчестер Сити, Челси и Ливерпул.

Наполи сепак беше тој кој најсериозно загриза за услугите на 21 годишното момче и клубот на нашиот Елиф
Елмас беше многу блиску до негов ангажман.

Сепак, во
последен момент се сменија работите, Габри Веига доби богата понуда од Саудиска
Арабија и реши да се пресели во Ал Ахли.

Тони Крос кажа
што мисли за оваа зделка и во постот со кој новинарот Фабрицио Романо го најави
трансферот, ѕвездата на Реал Мадрид напиша: „Срамно“.

Саудиска Арабија
ова лето се расфрла со пари, и разбриливо е кога фудбалерите кои се ближат до
залезот на кариерата решаваат да ја заменат Европа со Арапскиот Полуостров, но
несфатливо е кога млад перспективен фудбалер се решава на еден ваков чекор, и
најубавите години ќе ги помине во првенство кое е далеку од најдобрите и покрај
тоа што секој ден пристигнуваат квалитетни играчи.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×