Го сруши ПСЖ, па веднаш направи трансфер во Премиер лигата

by Стефан
1 минути читање

Репрезентативецот на Бразил, Игор Жезус, направви трансфер од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот премиерлигаш потврди дека со 24-годишниот фудбалер потпишал договор на четири години, до летото 2029 година.

Клубовите не ја соопштија висината на трансферот, но медиумите наведуваат дека станува збор за сума од околу 10 милиони фунти (приближно 12 милиони евра).

Жезус ја започна својата професионална кариера во бразилскиот клуб Коритиба, потоа настапуваше за Шабаб Ал Ахли од Обединетите Арапски Емирати, пред да се приклучи на Ботафого во 2024 година.

Напаѓачот за клубот од Рио де Жанеиро одигра 59 натпревари во сите натпреварувања и постигна 17 голови.

Особено се истакна на Светското клупско првенство, каде што му помогна на Ботафого да се пласира во нокаут фазата и постигна два гола, меѓу кои и победничкиот против европскиот шампион Пари Сен Жермен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×