203
Шарџа го донесе Алкасер на позајмица од Виљареал и го претстави како големо засилување. Тој отиде, се сликаше таму, но веќе следниот ден си ги спакува куферите и си замина.
Причината официјално не е позната, но се вели дека на шпанскиот фудбалер не му се допаднало тоа што го видел таму, тој поразличен свет од европскиот.
Неговото враќање сега е проблем за Виљареал кој требаше да се ослободи од Алкасер и да го ангажира Кавани. Сега ќе мора да му бараат нова дестинација, веројатно во Европа.