Кике Сетиен
синоќа доби отказ, и во скоро време треба да биде соопштена неговата замена. На
жешкото столче ќе седне Роналд Куман, се очекува официјалната потврда да стигне
денеска или утре. Генералниот извршен директор на Барселона, Оскар Грау синоќа летна во Холандија да ги испегла последните детали со селекторот на „лалињата“.
„Каталонците“
најавија голема реконструкција на првиот тим, која ќе биде направена во договор
со новиот тренер, и медиумите веќе пишуваат за првото засилување на Роналд
Куман, на Камп Ноу ќе пристигне неговиот сонародник Дони ван де Бек.
За заминување на
Дони ван де Бек од Ајакс се пишува повеќе од година дена, фудбалерот од
средниот ред најпрво се најавуваше како засилување за Реал Мадрид и наводно се
беше договорено за негова преселба на Сантијаго Бернабеу.
Потоа имаше и
гласини за негова преселба во редовите на Манчестер јунајтед, но трансфер не се реализираше и тој остана во Амстердам. Останува да видиме дали ова ќе биде трета среќа за перспективниот Холанѓанец.