ПСЖ синоќа го потврди трансферот на Квича Кварацхелија од Наполи во зделка вредна околу 70 милиони евра, но скапото засилување нема да може да помогне во пресметките против Манчестер Сити и Штутгарт во Лигата на шампиони.
Квича Кварацхелија е најскапиот трансфер до овој момент во зимскиот преоден рок, Грузиецот вчера позираше со дресот на „светците“.
И покрај тоа што ПСЖ плати 70 милиони евра за неговите услуги, Квича Кварацхелија нема да може да помогне во пресметките против Манчестер Сити и Штутгарт на кои ќе се брка нок-аут фаза во Лигата на шампионите.
И покрај тоа што Наполи не играше во Европа, новиот формат на Лигата на шампиони донесе промена во правилата, па Квича Кварацхелија ќе треба да почека да заврши групната фаза за да биде вметнат во составот.
Со седум бодови на шест натпревари, ПСЖ во моментов е на 25-та позиција на табелата, првото место кое значи елиминација.