„Го обожавам Мадрид… Бернабеу не е лош стадион“ – твитовите на сопругата на Оливер дополнително ги „запалија“ тифозите (ФОТО)

by
2 минути читање

Мајкл Оливер е
непријател број 1 во Торино откако свирна пенал за Реал Мадрид во 93. минута и
го уништи сонот на „Старата Дама“ за неверојатен кам-бек и полуфинале од Лигата
на шампионите.

Фудбалерите,
управата и навивачите се убедени дека биле ограбени и дека „Кралевите“ одат
понатаму со помош на судиите.

Потрагата на докази
дека нешто „смрди“ од вчерашниот меч ги однесе до Луси Оливер, сопругата на
судијата Мајкл. Откако го „прочешлаа“ нејзиниот Твитер профил, на тифозите во
очи им паднаа неколку поста.

На еден од нив,
Луси позира за селфи на Сантијаго Бернабеу и напиша: „Не е лош стадион,
претпоставувам…“.

Исто така, таа
има постирано и неколку слики од прошетката на престолнината на Шпанија заедно
со Мајкл Оливер и пораката: „Го обожавам Мадрид“.




Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани