Ѓулер се откажува од одморот за да ги почне подготовките со Реал Мадрид!

by
1 минути читање

Реал Мадрид ја доби трката со Барселона по потписот на Арда Ѓулер. На прес-конференцијата при претставувањето, Турчинот рече дека негова амбиција е да успее во кралскиот клуб.

18-годишниот фудбалер рече дека нема да оди на позајмица во првата сезона, сака веднаш да стане играч на Реал Мадрид и тоа значаен.

Според „АС“, Ѓулер се откажува од преостанатиот дел од одморот и сака веднаш да се фати за работа. Реал Мадрид од денеска ги почнува подготовките за новата сезона и тој веднаш ќе се приклучи.

Информациите од Шпанија велат дека на денешниот старт на подготовките, Анчелоти ќе има само десет фудбалери, меѓу нив ќе бидат двете засилувања, Џуд Белингем и Арда Ѓулер.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани