Гигантите не го сакаат, Жоао Феликс ќе мора да се помири со преселба во клуб од средината на табелата како Астон Вила или Вулвс!?

by
1 минути читање

Жоао Феликс
изминативе шест месеци ги помина во Челси на позајмица, но

разочара и со своите партии
не успеа да се наметне, па Маурисио Покетино пресече и ја затвори вратата за
перманентен трансфер на „Стемфорд Бриџ“.

Офанзивниот
фудбалер нема иднина ниту во Атлетико Мадрид, а како што стојат работите, ниту
еден гигант од Премиерлигата не сака посериозно да загриза за неговите услуги,
дури и Њукасл (кој обезбеди пласман во Лигата на шампионите) се двоуми.

Како што
пренесува Марка, Жоао Феликс и луѓето задолжени за неговата кариера размислуваат
за чекор наназад, односно полека се помируваат со преселба во клуб од средината
на табелата во Премиерлигата.

Се споменува
Астон Вила каде тренер е Унаи Емери и Вулверхемптон каде настапуваат многу
клиенти на агентот Жорж Мендеш.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани