Вест Хем и
Кристал Палас барем засега чекорат по зацртаните цели во новата сезона од
Премиерлигата, а „Чеканите“ се нешто подобри откако по 13 одиграни кола се
искачија на седмото место со 21 бод, Кристал Палас е за пет позиции подоле со
досега освоени 18 бода.
Синоќа во Лондон
обете екипи ремизираа во еден доста рамноправен меч на обете страни, иако први
поведоа гостите во првото полувреме, во второто домаќините уште во 55 минута ги
поставија конечните 1-1.
Нема дилеми дека
неверојатниот гол со ножички на Себастијан Алер ги одбележа синоќешните
возбудувања во натпреварите од Премиерлигата, а доколку ја пропуштивте
мајсторијата на Австриецот, еве можност да се уверите во неа:
Инаку
асистенцијата беше дело на Владимир Цуфал, Чехот кој е уште едно ново откритие на
Дејвид Мојс по неговиот сонародник Томаш Соучек.