Германскиот економист Јоахим Клемент со сложен модел за прогнозирање, уште од 2014 година без грешка ги предвиде шампионите на дури три последователни Светски првенства.
За претстојниот Мундијал во САД, Канада и Мексико, Клемент прогнозира дека шампион ќе биде Холандија, репрезентација која низ историјата важи за една од најсилните во светот, но никогаш не стигнала до светската титула.
Неговиот модел не го предвидува само победникот, туку и целиот тек на турнирот со 48 селекции. Според прогнозите, Јапонија ќе приреди сензација и ќе го елиминира Бразил во второто коло, додека Шкотска ќе биде поразена од Јужна Кореја во првата нокаут рунда.
Англија, според предвидувањата, ќе стигне до полуфиналето, каде што повторно ќе биде запрена од Португалија, исто како и на Светското првенство во Германија во 2006 година.