Ги одбра поради парите или славата? Мбеумо можеше да игра ЛШ со Арсенал, Тотнем и Њукасл но се реши за Јунајтед

by bojan
1 минути читање

Брајан Мбеумо се најавува како второто засилување за Манчестер јунајтед ова лето, напаѓачот решил да се пресели на Олд Трафорд и покрај тоа што имаше предлози и од клубови како Арсенал, Тотнем и Њукасл.

Настап во Лигата на шампиони често прави разлика кога повеќе клубови се борат за потписот на некој фудбалер, но ова правило не важи во случајот на Брајан Мбеумо.

За услугите на напаѓачот на Брентфорд интерес пројавија Манчестер јунајтед, Арсенал, Тотнем и Њукасл, „ѓаволите“ беа единствените кои не можеа да му понудат настап во најелитното европско првенство, но и покрај тоа Камерунецот се реши за преселба на „Олд Трафорд“.

Навивачите на Манчестер јунајтед сакаат да веруваат дека Брајан Мбеумо направил ваков избор поради богатата историја и славното минато на нивниот клуб, но има и такви кои сметаат дека во прашање се парите.

Се шпекулира дека Брајан Мбеумо барал неделна плата од околу 250.000 фунти, односно пет пати повеќе од тоа што го заработува во овој момент, и само „ѓаволите“ биле тие кои сакале да му ја исполнат желбата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани