Словаците останаа без претставник во Европа. Дунајска Стреда е исфрлена од Конференциската лига поради прекршување на правилата за сопственост на клубови.
Како што јавуваат словачките медиуми, по долга истрага на УЕФА, е утврдено дека Дунајска Стреда и унгарскиот Ѓер имаат ист сопственик, што претставува судир на интереси, бидејќи и двата клуба требаше да настапуваат во исто европско натпреварување.
Наместо словачкиот клуб, директен пласман во третото коло ќе добие победникот од двомечот меѓу Урарту (Ерменија) и Немањ Гродно (Белорусија).
Дунајска Стреда минатата сезона заврши четврта во домашниот шампионат и преку плејоф си обезбеди европска сцена, но овојпат ќе ја заврши традицијата од седум години играње во Европа. Клубот најави тужба до Судот за спортска арбитража во Лозана за случајот, бидеќи тврдат дека УЕФА погрешила и двата клуба имаат различни сопственици.