Гестот на Симеоне под истрага на УЕФА (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне се наоѓа под истрага на
европската куќа на фудбалот поради неговата гестикулација во мечот против
Јувентус, во рамките на осминафиналето од Лигата на шампионите.

УЕФА потврди дека
дисциплинска комисија веќе отворила случај против Атлетико Мадрид поради
блокирани скали на Ванда Метрополитано арената, фрлање разни предмети на
теренот, како и неспортско однесување, алудирајќи на начинот на кој Симеоне прослави.

Нема да зачуди
доколку Симеоне не биде во можност да ги предводи Јорганџиите на реваншот во
Торино, каде патуваат со предност од 2-0, стекната од првиот дуел пред своја
публика, а од друга страна пак,  и
Јувентус е под истрага, поради доцнењето на фудбалерите на таа екипа на стартот
за второто полувреме.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани