521
Во моментите кога се шпекулира дека Виктор Бонифејс би можел да замине од Баер Леверкузен, клубот заврши две засилувања во јануарскиот преоден рок.
Првото засилување е дефанзивецот Марио Хермосо кој доаѓа од редовите на Рома. Се работи за позајмица до крајот на сезоната, откако Шпанецот не се наметна премногу во Рим.
Освен Хермосо во редовите на Леверкузен доаѓа и Емилиано Буендиа. Офанзивниот играч за врска од Астон Вила исто така ќе биде позајмен во таборот на „фармацевтите“ до јуни.