Младата фудбалска репрезентација на Германија со сигурни 3:0 ја совлада Словенија во првото коло од групата „Б“ на Европското првенство што се одржува во Словачка. Вечерта целосно му припадна на напаѓачот на Штутгарт, Ник Волтемаде, кој постигна хет-трик и го потврди статусот на еден од најперспективните голгетери на турнирот.
Словенечката одбрана првпат капитулираше во 19. минута. Николо Тресолди со глава одлично ја спушти топката, а Волтемад се најде на вистинското место и донесе водство од 1:0.
Woltemade (3) | 🇩🇪 Germany U21 3-0 Slovenia U21 🇸🇮
— Goals Xtra (@GoalsXtra) June 12, 2025
Nick Woltemade has scores hat-trick!pic.twitter.com/YWGTu7FbdV
Во самиот финиш на првото полувреме, Германија го зголеми водството, а стрелецот беше повторно Волтемад, овојпат по фантастичен соло-продор и прецизна асистенција од Макс Розенфелдер.
Woltemade (2) | 🇩🇪 Germany U21 2-0 Slovenia U21 🇸🇮pic.twitter.com/0oYuRZTdlO
— Goals Xtra (@GoalsXtra) June 12, 2025
Конечниот резултат го постави истиот фудбалер во 82. минута, кога прецизно реализираше пенал и го заокружи својот хет-трик за фантастичната вечер.
Nick Woltemade | 🇩🇪 Germany U21 1-0 Slovenia U21 🇸🇮pic.twitter.com/hYQ2IyNLQR
— Goals Xtra (@GoalsXtra) June 12, 2025
Во истата група, бранителот на титулата Англија успешно ја започна одбраната на круната, совладувајќи ја Чешка со 3:1. Европското за младинци започнува динамично – со порака дека фаворитите не се шегуваат.