Германија и одржа фудбалска лекција на Италија и се радува на прва победа над „аѕурите“! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Дербито на вечерта во Лигата на нациите заврши со триумф на Германија од 5-2 против Италија, за домаќините ова беше прва победа над „аѕурите“ на официјален натпревар.

Роберто Манчини се реши за променет и подмлаен тим, па Италија доби фудбалска лекција.

Кимих го отвори резултатот по 10 минути игра, а Гундоган од пенал во последните мигови на првиот дел зголеми на 2-0.

На стартот од вториот дел, Милер реализираше за 3-0 а потоа во период од 90 секунди, Вернер два пати ја тресеше мрежата на Донарума за 5-0.

До крајот на натпреварот, Њонто намали на 5-1 во 78. минута и стана најмалдиот стрелец во историјата на Италија, за Бастони во 94. минута додатно да го ублажи поразот и да ги постави конечните 5-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани