Гери Невил е „персона нон грата“ во Нотингем!

by 24 фудбал
1 минути читање

Гери Невил повторно во центарот на вниманието – овојпат не поради острите критики кои редовно ги дели во емисиите на „Скај Спортс“, туку поради тоа што доби забрана за влез на стадионот на Нотингем Форест!

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед и долгогодишен телевизиски аналитичар очигледно ја прелеа чашата со своите коментари, па од Форест решија дека не е посакуван гостин на нивниот стадион за последното коло од Премиер лигата против Челзи. Клубот официјално испратил поплака до „Скај Спортс“, а воедно ги известил дека Невил нема да добие акредитација за натпреварот.

Премиер лигата е известена за одлуката, но нема намера да интервенира – секој клуб си има право да одлучи кој ќе му влезе на домашен терен. Засега не е откриено што точно ги испровоцирало челниците на Форест, но според пишувањата од Островот, тензиите меѓу двете страни се влечат подолго време.

Нотингем го пречекува Челзи во меч кој може да им ја одреди сезоната – победа ги остава во игра за Лигата на шампионите, неуспех може да значи крај на соништата. Во секој случај, ако не оди по нивен план, Невил сигурно нема да молчи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани