176
Бејл се договорил со Лос Анџелес за едногодишен договор со можност да биде продолжен за уште 18 месеци.
Бејл имал повеќе понуди од Европа, но Велшанецот решил да си го исполни сонот за кој зборуваше уште пред неколку години и да заигра во МЛС.
Наскоро се очекува трансферот да биде формализиран и официјално објавен од американскиот клуб.
Лос Анџелес ќе има две мега ѕвезди во тимот, покрај Бејл во нивниот состав е и Џорџо Кјелини.