Се чини дека
кулминираше ситуацијата со Матео Гендузи во Арсенал, веројатно е дека Микел
Артета дал зелено светло за негова продажба, а како што известува „ТФ1“,
Французинот веќе е во преговори со неколку европски гиганти за трансфер ова
лето.
Фудбалерот од
средниот ред беше и целосно изоставен од својот тренер на последното гостување
кај Саутемптон кое „Топчиите“ го добија со 0-2, а запрашан за таквата одлука,
Артета кусо одговори дека е поради внатрешни проблеми, алудирајќи на нешто што
се случува одвнатре во клубот.
Како што пренесе
„ТФ1“, Гендузи е веќе во контакт со Барселона, ПСЖ, Интер и Атлетико Мадрид
околу можноста за трансфер ова лето, а дополнително, се верува дека во трката
за неговиот потпис се приклучил и Реал Мадрид.
Гендузи беше на
мета на јавноста поради своето однесување на гостувањето кај Брајтон, каде
Арсенал загуби со 2-1 во чувствителен момент кога се борат грчевито за излез во
Европа идната сезона.
Французинот на
тој натпревар го фати за врат Нил Мопе, кој претходно беше инволвиран директно
во несреќната повреда на Бернд Лено, а извори за англиските медиуми тврдеа дека
Гендузи за време на натпреварот имал до тоа ниво неприфатливо однесување, што
ги навредувал противниците со зборовите дека тој и неговите соиграчи
заработуваат толку многу, што тие никогаш не би можеле да заработат.