Гендузи по мечот против Брајтон влезе во физичка пресметка со противничкиот играч Мопе. Тој во текот на мечот ги навредувал фудбалерите на Брајтон велејќи им дека се обично срање и дека можат да сонуваат за парите кои тој и неговите соиграчи од Арсенал ги заработуваат.
Ваквото однесувањето на Гендузи не му се допадна на Микел Артета кој веднаш го отстрани неговиот играч од првиот тим.
„Мирор“ пишува дека Гендузи сега тренира сам со фитнес тренерот на Арсенал.
Артета планирал казната за Гендузи да биде за помал период, но фудбалерот одбива да се извини за неговото однесување и продолжува да создава проблеми.
Голема е веројатноста настапите на Гендузи за Арсенал да се завршени и тој да биде продаден во летниот преоден рок.