Грчкиот тим во Франција отпатува со предност од 1-0, и само секунди фалеа да ја прокоцка, но среќата беше на нивна страна.
Домаќините поведоа уште во втората минута кога по асистенција од Сар, Обамејанг погоди за водство од 1-0. Во судиското продолжение Обамејанг постигна уште еден гол и ја зголеми предноста на Марсеј на 2-0.
Со 2-0 Марсеј одеше понатаму, така беше се до 97. минута кога судијата покажа пенал по едно играње со рака на Гендузи. Јоанидис погоди од белата точка за 2-1. Мечот отиде во продолженија.
Во дополнителниот половина час немаше голови, па победникот требаше да го одлучуваат пеналите.
Единствениот кој промаши во пенал серијата беше токму Матео Гендузи, човекот кој го направи пеналот. Панатениакос ги погоди сите пенали и се пласираше во плејофот за пласман во Лигата на шампионите.
Резултати:
Арис Лимасол – Раков 0-1 (1-2)
Макаби Хаифа – Слован Братислава 3-1 (2-1)
Молде – Клаксвик 2-0 (1-2)
Спарта Прага – ФК Копенхаген 3-3 (2-4 пен) (0-0)
Динамо – АЕК 1-2
Галатасарај – Олимпија 1-0 (3-0)
Бачка Топола – Брага 1-4 (0-3)
Сервет – Ренџерс 1-1 (1-2)
Штурм – ПСВ 1-3 (1-4)
Марсеј – Панатенаикос 2-1 (3-5) (0-1)
*Во заграда се резултатите од првите натпревари
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.